Започна единаесеттиот Меѓународен фолклорен фестивал „Свeти Јоаким Осоговски“

Со свечено дефиле на учесници низ главната улица во Крива Паланка  вчера започна единаесеттиот Меѓународен фолклорен фестивал „Свeти Јоаким Осоговски“.

На годинашното издание на фестивал кој ќе трае три дена, од 25 до 27 август, учествуваат фолклорни ансамбли од Турција, Србија, Словачка, Романија, Бугарија и Македонија.

– И годинава ја продолжуваме традицијата на организација на фестивалот кој овозможува на едно место да се видат разни култури, да се направи спој на традицијата и фолклорот на земјите од Балканот и пошироко и народите од разните етноси да се дружат во име на културната размена. Со деновите на одржување на фестивалот се навестува празничната атмосфера во општината која следува по фестивалот со празнувањата на двата големи празници, Успение на Пресвета Богородица и празникот на светецот-закрилник на градот Свети Јоаким Осоговски, изјави градоначалникот Арсенчо Алексовски.

String could not be parsed as XML

Трите фестивалски вечери ќе се одржат на градскиот плоштад во Крива Паланка со почеток во 19 часот.

Организатор и покровител на фестивалот е Општина Крива Паланка со поддршка на Министерството за култура и Центарот за култура од Крива Паланка.