JOY FEST 2015

Во сабота на 22 август на плоштадот „Карпошово востание“ се одржа четвртото издание на фестивалот „Џој фест“. Oваа година на фестивалот гостуваше балканската музичка ѕвезда  Ален Исламовиќ и бендот „Кад би био Бијело Дугме“. Покрај главните гости за забавата на посетителите на годинашниот „Џој фест“ беа задолжени и два моќни македoнски бендови „Ај кју“ и „Шутка рома рап“, додека во промотивниот дел од фестивалот на сцената настапи и  кривопаланечкиoт бенд „Ребелс“.