Започна санација на свлечиштето во населбата Илинден

По извршениот избор на изведувач на работите, фирмата  Имако од Гостивар  и по   разрешување на имотно правните работи  се отпочне со изградба на објектот за санација на земјиште во насебата Илинден.  Свлечиштето се појави како резултат на обилните врнежи од дожд и снег во почетокот на 2009 година.

Објектот се гради во фази –извршено е  расчистување и обележување на објектот и отпочната е изградба на 21 бунар со длабочина од 3 до 4 метри. Ископот е во завршна фаза,  а завршено е  бетонирање на  2 бунари.  Следната фаза е поставување на армирано-бетонска плоча и ѕид.

Од страна на општинската администрација направен е увид на објектот и утврдено е дека  динамиката се одвива согласно предвидениот план и се очекува изградбата да заврши во планираниот рок.

Со санацијата на свлечиштето ќе се спречи понатамошна опасност од лизгање на семејните куќи како и оштетувањето на дел од улицата.

Објектот се финансира со средства од Владата на Република Македонија  и Општина Крива Паланка.