Open fun football schools во Крива Паланка

На ден 23.08.2010 г. градоначалникот Арсенчо Алексовски го означи почетокот на спортско рекреативната манифестација Open fun football schools. Оваа манифестација  се одржува по седми пат под покровителство на  Градоначалникот и Советот на општината, а во соработка со отворените канцеларии на Open fun football schools во  Македонија.

Школата  ќе трае во периодот од 23.08. 2010 г. до 27.08. 2010 г. од 08.00 ч. до 12.00 ч.  На неа учествуваат 200 деца на возраст од 7 до 12 години.

 
Големина на фонт
Контраст