Реновиран објектот за студиите по градежништво

Заврши  реновирањето на објектот каде ќе бидат сместени дисперзираните студии по градежништво при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

 

Станува збор за еден кат од зградата на поранешната касарна во Крива Паланка, од околу 400 квадратни метри, во кој се опремени три предавални, неколку кабинети, административни и други помошни простории. Во нив ќе бидат сместени  и студентите од Факултетот по информатика при Природно-математичкиот факултет, отворен минатата година.