Јавна презентација на ДУП за урбан модул мотел„Македонија“

На ден 09.07.2010г  со почеток во 13  часот, во големата сала на Општина Крива Паланка, се одржа повторна јавна презентација на нацрт планот -измена и дополна на ДУП за урбан модул –МОТЕЛ МАКЕДОНИЈА.Презентацијата ја водеше дипл.инж.архитект Кире Велески, вработен како советник во одделението за урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина.

 
Во согласност со законските прописи, на јавната презентација писмено беа поканети вкупно педесет јавни личности, заинтересирани лица и стручни лица од областа, од кои присуствуваа  дваесетина. На самата презентација присуствуваа и претставници на изработувачот на планот Друштво за планирање, проектирање и инжинеринг  „ПРОСТОР“  од Куманово г-н Стоилковски Дане и г-ѓа Стојмановска Марина, кои дадоа стручно објаснување за планските параметри врз основа на кои е изработен нацрт планот, а потоа беше дадена можност за прашања и одговори на присутните.
 
Опфатот на планот има површина од 2.16 ха, што е истоветно со претходниот опфат на планот, во кој спаѓаат спортската сала и мотел „Македонија“ со придружните објекти, спортско рекреативна зона, зелени површини и секако сообрајќајно решение и паркинзи.За сите прашања и потребни забелешки Општина Крива Паланка подготви анкетни листови кои може да се подигнат во архивата на Општината или одделението за урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина, најкасно до 16-07-2010г.

 

 
Одделение за урбанизам, сообраќај и заштита на животна средина