Краиште 2010

На ден 12.7.2010 година на големиот христијански празник “Петровден“     на тромеѓето помеѓу Р. Македонија, Р. Србија и Р. Бугарија во местото викано Голеш се одржа традиционална меѓународна средба “КРАИШТЕ 2010“, во организација на Општина Крива Паланка, Општина Ќустендил и Општина Босилеград.

На големиот број присутни им се обратија Градоначалникот на општина Крива Паланка Г-дин Арсенчо Алексовски, Заменик Градоначалникот на општина Ќустендил Г-ѓа Надја Каратова и Градоначалникот на Општина Босилеград Г-дин Владимир Захариев  кои нагласија дека ваквите средби се од големо значење за меѓународна соработка со што се придонесува за развој на овој пограничен регион, добрососедските односи и зацврстување на демократијата на овој регион.

 

 

Градоначалникот на општина Крива Паланка истакна:

Како општински раководства сме свесни за потребата од меѓусебно комуницирање од секојдневното поминување во Вашите родни огништа до Вашите роднини и пријатели. Нашите активности во изминатитот период ги насочивме и интензивиравме во правец на разрешување на овој горлив секојдневен проблем на населението од пограничниот регион. Во таа насока е потпишан протокол помеѓу државните секретари на Р. Србија и Р. Македонија за отварање на граничен премин. Во втората половина на јули со доаѓањето на српскиот Министер за внатрешни работи во Р. Македонија се очекува потпишувањето и на договорот за отоворање на граничниот премин. Во понатамошниот период ќе следи доизградба на патната инфраструктура за слободна комуникација и движење со заедничка цел развој на пограничниот регион.

Градоначлникот исто така информира дека во Крива Палнка се  отворени дисперзирани студии по информатика и градежништво, и ги повика  заинтересираните матуранти од овој регион да се информираат за условите и за можностите за студирање во Крива Паланка.  На крајот ги поздрави присутните и повика идната година да се собереме во уште поголем број.

Настанот беше збогатен со културно уметничка програма.

Големина на фонт
Контраст