Саниран потпорен ѕид во с.Узем

Во рамките на активностите на Одделението за изградба и одржување на комунална инфраструктура при Општина Крива Паланка, во изминатите 10 дена беше извршена санација на потпорен ѕид во с.Узем. Средствата се обезбедени од буџетот на Општината.

 

Овој дел на општината претрпе големи оштетувања на инфраструктурата во поплавите на Крива Река во септември минатата година.

Крива и Дурачка Река го поплавија градот