Одржана прелиминарната електронска распределба на социјални станови

На 25.06.2010 година во Големата сала при Општина Крива Паланка се одржа прелиминарната електронска распределба на социјалните станови. Беше извршена распределба на станови на лица поделени во 6 категории и тоа:

1.    Деца без родители или родителска грижа
2.    Корисници на социјална или постојана парична помош
3.    Лица погодени од елементарни – природни непогоди
4.    Инвалидни лица или лица на кои им е потребна помош
5.    Социјално загрозени лица припадници на ромска етничка заедница
6.    Самохрани родители со малолетни деца

По огласот за распределување на социјални станови изградени по Програмата за изградба и одржување на станбен простор во Р. Македонија за 2010 година, за Крива Паланка има поднесено вкупно 113 валидни пријави за 46 станови кои се со површина од 35 – 40 м2. На ниво на Република Македонија со огласот покрај Крива Паланка се опфатени и градовите Охрид, Кичево, Кавадарци и Кочани.

Распределбата на становите се изврши електронски со што беше исклучена можноста од влијание на човечки фактор. По формирањето на прелиминарната листа согласно на методологијата за распределба ќе биде извршен дополнителен увид во доставената документација и увид на лице место кај лицата кои се нашле на прелиминарната ранг листата, а потоа ќе биде извршена  конечната распределба на социјалните станови.    Од страна на претставниците на Министерството беше укажано дека постои можноста да се изврши увид во документацијата во Министерството за труд и социјална политика како и дека незадоволните кандидати имаат право на жалба.

 

По завршувањето на постапката и објавување на конечната листа на избраните кандидати со лицата кои се наоѓаат на оваа листа ќе биде склучен договор за закуп на социјален стан.
    
 Распределба на станови – Крива Паланка – Прелиминарна листа