Започна манифестацијата „Топол културен бран“

Со поетско читање „Лирски треперења“ што се одржа во петок пред манастирот Св. Јоаким Осоговски, започна манифестацијата „Топол културен бран 2015“. На настанот учествуваа 15 поети од литературниот клуб „Калин“ од Крива Паланка и „Вршачки литературен клуб“ од Вршац, Република Србија.

Поетското читање е дел од „Паланечко културно лето“ во организација на општина Крива Паланка и Центарот за култура од Крива Паланка, а подржано од Министерството за култура на РМ.