Пинг-понгарките на ППК „Крива Паланка“ шампиони

Пингпонгарките од ППК „Крива Паланка“ од Крива Паланка, по завршување на вториот плеј оф, кој се одржа во овој град, на 13 јуни, станаа шампиони на Македонија во сениорска конкуренција. Со предност од 4 бода пред второпласираната екипа на ППК„Градба промет“ од Кавадарци,  тие ја одбранија титулата од минатата година и го освоија првото место во Државната прва лига во пинг-понг за сениорки, за сезоната 2009/2010 година.

За тимот на Крива Паланка настапуваа Д.Ристовска, А.Уце, Х.Христовска, А.Станковска, Д.Цветковска, А.Стаменковска, О.Салимовска, Д.Станковска и Ј.Тасева   кои истовремено ги освоија и титулите во пионерска и младинска конкуренција.

Третото место во Првата државна лига и припадна на екипата „Влае“ од Скопје.

Големина на фонт
Контраст