КК „Шампион“ со успешен настап во Врање

Карате клубот Шампион од Крива Паланка изминатиот викенд имаше успешен настап на Меѓународниот карате турнир „Врање  Опен 2015“ кој се одржа во Врање, Република Србија.

На турнирот земаа учество над 350 каратисти од Македонија и Србија. Нашиот клуб го освои  првото место во генералниот пласман  со освоени вкупно 5 први места, 3 втори места и 4 трети места.

Во летниот период што следи, предвидено е учество на наши каратисти на летните карате семинари кои ќе се одржат во Црна Гора  и Охрид , се со цел подобро да се припремат за вториот дел од натпреварувачката  сезона  за  2015 година која започнува на есен.