„Паланечко културно лето 2015“ со богата културна програма

Со „Осоговска староградска вечер“ синоќа во Крива Паланка започна манифестацијата „Паланечко културно лето 2015“, а организаторите најавија богата и разновидна културна програма со бројни настани од книжевна, музичко-сценска, ликовна, театарска уметност.

[embpicasa id=”6170881299758491073″]

-Со староградска музика ја отворивме годинашната  летна културна манифестација поддржана од Министерството за култура, а истата ќе трае до средината на септември. „Паланечко културно лето 2015“ ќе понуди над 30 настани од разни дејности, меѓу кои и најпрепознатливите и традиционални манифестации кои ги организира нашата општина, рок-фестивалот „Џојфест“ закажан за 22 август, на кој ќе настапи „Бијело Дугме“ со Ален Исламович, Меѓународниот фолклорен  фестивал Свети Јоаким Осоговски кој ќе се одржи до 25 до 27 август, Меѓународната ликовна колонија која се одржува во манастирскиот комплекс и седмото издание на Меѓународниот театарски фестивал Св. Јоаким Осоговски-информира градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.

Тој додаде дека целта на ваквите манифестации е со бројните настани кои ги нудат во програмата на културното лето да бидат опфатени сите дејности со што, рече, ќе бидат анимирани сите возрасни категории граѓани на општината.

-Покрај традиционалните манифестации ќе се организираат и поетски читања, театарски претстави, фолклорни концерти, уметнички изложби, а настаните ќе се одржат на разни локации низ градот на отворено, во градскиот парк, пред Градскиот музеј, на двата плоштади „ВМРО“ и „Карпошово востание“, со што градот ќе биде своевидна голема културна сцена-изјави Алексовски.

Според програмата на „Паланечко културно лето 2015“ следува трилатералната меѓугранична средба „Краиште 2015“ која ќе се одржи на 12 јули во месноста Голеш на тормеѓето помеѓу македонија, Србија и Бугарија, по што на 15 јули следува изложбата на Великаните на македонската ликовна уметност која ќе се одржи во Локалната установа градски музеј, Крива Паланка, додека на 22 јули започнува Топол културен бран 2015.

Манифестацијата „Паланечко културно лето 2015“ ја организираат општина Крива Паланка и Националната установа Центар за култура , Крива Паланка, со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија.

Големина на фонт
Контраст