Повик за донирање на предмети на Градски музеј

Почитувани сограѓани,

Општина Kрива Паланка  беше единствената општина во источниот дел на Македонија која што немаше своја музејска установа која што ќе го собира, чува и презентира движното културно – историско наследство.

Согледувајќи ја оваа состојба Општина Крива Паланка и јас како градоначалник веднаш по моето доаѓање на чело на општината започнавме со формирање на музејките збирки кои што ќе бидат дел од  локалната установа „Градски музеј“ –  Крива Паланка.

За таа цел општина Крива Паланка и јас како градоначалник Ве повикувам заеднички да дадеме придонес во формирањето на музејските збирки.

Доколку во вашите стари куќи и подруми поседувате некој стар предмет од типот на народна носија, рачен алат, предмет од покуќнина, кој што веќе не го употребувате , или некој документ, слика, фотографија …..
…..предмет кој што сметате дека е стар и дека има некоја своја историја Ве молиме подарете го во збирките  на нашиот кривопаланечки музеј.

Предметот ќе биде стручно документиран, при што ќе биде запишано името на подарувачот и местото од каде што е добиен.

Лица за контакт:
 
Драган Величковски –
Л.У Градски музеј – Крива Паланка (Дом на АРМ)
тел: 031 372 140
Лилјана Стојановска –
Општина Крива Паланка
тел: 031 372 130
 

Почитувани ,
да го формираме градскиот музеј и да го заштитиме и сочуваме нашето културно богатсво за идните генерации.

Искрено ваш
Арсенчо Алексовски
Градоначалник на Општина Крива Паланка

Големина на фонт
Контраст