Прв македонски бренд на трекинг-патека

Меѓународната планинарска трансферзала 4М е првата брендирана трекинг-патека во Македонија, чиј автор и организатор е лиценцираниот планинарски водич Стојанче Величковски од Крива Паланка. Неговото авторско дело „По патот на една легенда од 11 век“, кој всушност го следи патот на пустиножителите Јоаким Осоговски, Гаврил Лесновски, Јован Рилски и Прохор Пчињски, доби статус на индивидуална трговска марка со строго утврдени стандарди.

Трансферзалата 4М е една од ретките и најатрактивните трекинг-патеки во земјава за која постои голем интерес. Годинава, на 22 и на 23 мај, по 10 пат ќе се реализира првата делница од оваа трансферзала, од манастирот „Св. Гаврил Лесновски“ до „Св. Јоаким Осоговски“ и околните туристички атракции.

Повеќе информации на www.planinarenje.org

Извор: Дневник

Големина на фонт
Контраст