Операција Флориан во Крива Паланка

Од страна на Операција Флориан е донирано навално ПП возило VOLVO З на Територијалната противпожарна единица Крива Паланка

Возилото е опремено со богата техничка опрема која содржи резервоар од 1.800 л, пумпа со капацитет на испумпување од 2.000л/мин, 4 скали (една со должина од 13,5 м, две  од 9 м,  една од 5 м. и една скала за искачување по покриви), 4 апарати за дишење, секири, јажиња, црева и  друга опрема.

Во рамките на операцијата предвидена е двонеделна обука од страна на експертите од Операција Флориан која опфаќа
    –    обука за пумпа и скала
    –    обука за апарати за дишење
    –    обука за права помош

Покрај оваа донација на возилото,  предвидено е наредната година да биде извршено донирање и на опрема за справување со сообраќајни несреќи и за други потреби, како и тренинг за истите.

Градоначалникот на општина Крива Паланка Арсенчо Алексовски ја посети екипата од Операција Флориан и беше запознаен со можностите и со  опремата со која располага возилото. Ја искористи приликата да се заблагодари за донацијата, а на пожарникарите им го честита новото возило со желба што помалку да биде користено.
Големина на фонт
Контраст