Првомајски крос

На ден 30.04.2010 година, на улица Св. Јоаким Осоговски, Општина Крива Паланка во соработка со основните и средното училиште организира Првомајски крос натпревар за ученици од 8 годишна возраст до  18 годишна возраст. Учениците ќе бидат поделени според возраста во четири категории, а во секоја категорија ќе има по две групи (машки и женски).

Кросот ќе се одржи според следната агенда:

Прва група   (трето и четврто одделение)
Старт-Официрска зграда почеток 12.00 часот
Цел-Плоштад

Втора група   (петто и шесто одделени)
Старт-Фурна Малеш почеток  12.30 часот
Цел-Плоштад

Трета група   (седмо и осмо одделение)
Старт-Пицерија Елит почеток 13.00 часот
Цел-Плоштад

Четврта група   (ученици од средно образование)
Старт-Пицерија Макима почеток 13.30 часот
Цел-Плоштад

Општина Крива Паланка Ве поканува да бидете дел од овој настан и да им дадете подршка на учесниците.

Големина на фонт
Контраст