Успешно спроведена акцијата „Ден на дрвото“

Акцијата Ден на дрвото, под мотото ,,Да растеме заедно“ во општина Крива Паланка се одвиваше на две локации и тоа с. Градец и с.Варовиште.
Во с. Градец акцијата се одвиваше на површина од 12 хектари.Учество земаа ученици од средно и основно образовние, локалната самоуправа,подрачните единици на министерствата, центарот за социјални работи,невладиниот сектор и граѓаните.

На кривопаланчани им се придружи и министерот за образование Никола Тодоров , кој заедно со градоначалникот Арсенчо Алексовски засадија садници како симбол  на подршка на акцијата.
На локацијата во с. Варовиште се засадија околу 300 садници на костен и липа на површина од 1.3 хектари.

Оваа акција имаше регионален карактер и во неа учествуваа средношколци од Ќустендил Р. Бугарија и Босилиград  од Р.Србија.

На оваа локација садници засадија и амбасадорот на Р. Бугарија, пратеникот Оливер Алексовски и градоначалникот Арсенчо Алексовски.