Иницијатива за балкански ден на дрвото

Иницијатива за прогласување балкански ден на дрвото покренаа амбасадорот на мирот на УНЕСКО и прв амбасадор на зелената иднина на планетата Земја, Борис Трајанов, и градоначалникот на Крива Паланка Арсенчо Алексовски. Нивната иницијатива официјално стартуваше од пограничниот град Ќустендил во Бугарија, каде што со ќустендилскиот кмет Петар Паунов засадија дрвца во алејата на Домот на архитектите.

Договорено е на Денот на дрвото – 30 Март, група од околу 40 средношколци од Ќустендил и Босилеград да учествува во акцијата за пошумување во Крива Паланка, а на истиот ден околу 20 кривопаланечки ученици ќе засадуваат дрвца во Ќустендил. Кметот Паунов, пак, изрази задоволство што иницијативата за балканскиот ден на дрвото почнува токму од Ќустендил и најави учество во акцијата „Ден на дрвото“ во Крива Паланка. 

Извор: Дневник