Закројување на овошки во Крива Паланка

Експерти од Институт за овоштарство од Ќустендил  демонстрираа пред кривопаланечките овоштари правилно закројување на овошки за плодородност и долговечност на насадите. Кривопаланчани покажаа огромен интерес за долгогодишното искуство на стручњаците од бугарскиот институт, кои се познати експерти во светот. Практичната резидба беше извршена врз овошниот насад на имотот на градската црква „Свети Димитрија“.

 –Овошките се како индијански запис, а овоштарот треба да има способност да го прочита за да знае какво закројување, кога и на кој дел од дрвото  е потребно. Секој период од развојот на дрвото има свој посебен начин на закројување за да се дојде до квалитетна берба. На бујните овошки потребна е помала, а на послабите насади поголема резидба,  за да се одржи долговечноста на плодоносноста иквалитетната продукција, истакна проф. д-р Димитар Домазетов , директор на  Ќустендилскиот институт.

Бугарските експерти демонстрираа закројување на јаболка, цреши, кајсии и праски,  кои најмногу успеваат во регионот, а се одржа обука и за заштита од болести и преземање на превентивни мерки.

Кривопаланечките овоштари изразија интерес и за посета на Ќустендилскиот институт и набавка на насади од тамошните расадници.

Големина на фонт
Контраст