Средба со бизнис секторот

На ден 12.02.2010 г.  во организација на Општина Крива Паланка се одржа средба со бизнис секторот од општината. Целта на оваа средба беше запознавање, воспоставување на бизнис врски и градење на идна соработка и бизнис партнерства, со бизниси од Р.Бугарија (Ќустендил).

Градоначалникот на општина Крива Паланка г-дин Арсенчо Алксовски и секретарот на општина Ќустендил, г-дин Паунов, пред присутните претставници на бизнис секторот ги изнесоа идеите и можностите за  соработка и градење на нови бизнис партнерства со бизниси од Р.Бугарија.

Од страна на Градоначалникот беше потенцирано дека Општината, во понатамошните планирани активности  ќе ги овозможи потребните информации и подршка на бизнис заедницата. За таа цел,  тој ја најави наредната средба која треба да се одржи на 05. 03. 2010 г. на која бизнис секторот од општина Крива Паланка треба да ги изнесе своите согледувања предлози за идна можна соработка со бизнис секторот од Општина Ќустендил.