Градоначалникот Алексовски на класен час во СОУ „Ѓорче Петров“

На идеја на учениците од 4-та година од СОУ „Ѓорче Петров“, беше побарана средба со градоначалникот на општина Крива Паланка Арсенчо Алексовски со цел одблиску да се запознаат со активностите на локалната самоуправа како и да дадат неколку корисни предлози за надминување на конкретни проблеми со кои секојдневно се соочуваат граѓаните на Крива Паланка.

За таа цел денеска во 13.30 часот со почнување на класниот час градоначалникот Арсенчо Алексовски заедно со претставници од општинската администрација и директорот на СОУ „Ѓорче Петров“, Миле Милковски, остварија средба со по пет претставници од секоја паралелка од 4-та година. На средбата учениците му поставија прашања на градоначалникот за:

– Условите за одвивање на спортски тренизи во салата во ООУ „Илинден“

– Можност за продолжување на велосипедска-ролерската патека

– Изразија интерес за решавање на проблемот со недостатокот на паркинг простор во Крива Паланка преку изградба на катна гаража

– Решавање на проблемот со кучињата скитници

Беше побарана и информација за напредокот на спортско рекреативниот центар на Осоговските Планини за на крајот градоначалникот да презентира неколку идеи кои се во напредна фаза на реализација и се во интерес на младите.

Градоначалникот даде исцрпни одговори на горенаведените прашања при што постигна согласност со учениците овој вид на средба да продолжи и понатаму