Александар Давитковски најсреќен на Водици

Прославата на големиот христијански празник Богојавление – Водици во Крива Паланка  започна со свечена литургија во  црквата Св.Димитрија на која присуствуваа бројни верници и градончалникот Арсенчо Алексовски.

По  литургијата  следуваше чинот на фрлањето на  крстот во водите на Крива Река.

Од многуте пријавени момчиња најсреќен беше Александар Давитковски, на кој му беше врачен телевизор од страна на Градоначалникот.

На оваа церемонија присуствуваа и министерот за образование Никола Тодоров како и пратеникот Оливер Алексовски.