Развој на Oсоговскиот регион преку зимски туризам

Градоначалникот  на општина  Крива Паланка, г.Арсенчо Алексовски, на општина Пробиштип, г. Тони Тоневски и на општина Кочани, г. Ратко Димитровски, заедно со директорите на Североисточниот и Источниот плански регион како и раководителите  на Одделението за урбанизам, сообраќај и заштита на животна средина и на Одделението за јавни дејности, економски развој и информатичка технологија при општина Крива Паланка,  денеска остварија средба за сублимирање на студиите за развој на туризмот на Осоговските Планини.

На состанокот беа присутни и изготвувачите на Студијата за развој на туризмот на Осоговските Планини во делот на општина Крива Паланка.

Целта на состанокот беше да се направи сублимирање на студиите за развој на туризмот на Осоговските Планини како и да се направи проектна задача за изработка на проект за ски- лифтови, ски-влекачи и други спортски  содржини на овој дел од Осоговските Планини.

Тоа ќе значи изработување на конкретни проекти за определени делови, кои потоа со отварање  на структурни фондови ќе бидат аплицирани пред Европските фондови.

Големина на фонт
Контраст