Градоначалникот Алексовски ги посети дежурните служби во општината

Во пресрет на новогодишната ноќ, градоначалникот Алексовски и претставници од општинската администрација, традиционално ги посетија дежурните одделенија на институциите кои се грижат за безбедноста и здравјето на граѓаните, Полициската станица, Територијалната противпожарна единица и Итната медицинска служба.

[embpicasa id=”6099651407657475553″]

При посетата градоначалникот Алексовски се информираше за подготвеноста на службите да одговорат на барањата на граѓаните во текот на празниците, а воедно во знак на внимание и благодарност им додели пригодни подароци.

Големина на фонт
Контраст