Асфалтиран дел од улицата „Партизанска“

Општина Крива Паланка  во текот на вчерашниот ден започна со асфалтирање на дел од улицата „Партизанска“. Улицата претходно беше тампионирана и нивелирана за одведување на атмосферските води и  беше поставена нова водоводна линија за околните куќи.

[embpicasa id=”6094142627129353329″]

Делот од улицата е со површина од  околу 400 м2  и се очекува да биде завршена во текот на денешниот ден.

Изведувач на градежните работи е градежната фирма „Лабино-Трејд“  од  Гостивар.

Големина на фонт
Контраст