Претставници од општинската администрација присуствуваа на регионална средба во Дупница, Р.Бугарија

На 3 декември претставници од Општина  Крива Паланка  присуствуваа на регионална средба по повод Меѓународниот ден на лицата со инвалидитет, а во рамки на проектот „Сите деца учат заедно – Прекугранична  мрежа на инклузивни училишта“.  Проектот се имплементира во партнерство  со општина  Дупница од Р.Бугарија преку Североисточниот плански регион, а опфаќа изградба на пристапни рампи, лифтови и специјални тоалети за ученици со посебни потреби во седум училишта од шестте општини од регионот.

 

Граджените активности опфатени во проектот ги вклучуваат кумановските основни училишта „Толи Зордумис“ и „Бајрам Шабани“, „Дитура“ во Липково, „Кочо Рацин“ во Кратово, „Јоаким Крчовски“ во Крива Паланка, „Христијан Тодоровски Карпош“ во Ранковце и „Светозар Марковиќ“ во Старо Нагоричане.

 

 

Изградбата на лифтот во ООУ „Јоаким Крчовски“  е во завршна фаза, а во тек е и изградбата на санитарните јазли и пристапните рампи.

 

 

Освен инфраструктура, проектот вклучува јавна кампања, како и јакнење на капцитетите на наставниот кадар од училиштата од двата региони, на Македонија и Бугарија.

 

 

Проектот  е потпишан на 16 мај 2013, а се спроведува преку вториот повик на ИПА-програмата и чини околу 500.000 евра.

Големина на фонт
Контраст