Градежни активности на улицата Наско Тамбурков

Во тек се градежни активности што ги спроведува Општина Крива Паланка за асфалтирање на делот од улицата „НаскоТамбурков“. Во текот на минатата  недела беа извршени земјани работи како и поставување на ивичњаци заради прифаќање на површинските води.

Во наредниот период останува уште да се изврши нивелацијата на  шахтите како и асфалтирање на улицата.  Делот од  улицата, опфатен со градежните активности,  е со должина од 200 метри и ширина од 4 метри.

Изведувач на градежните работи е градежната фирма „Лабино –Трејд“ од Гостивар.


Големина на фонт
Контраст