Студиска посета во Словенија на енергетско ефикасни институции

Во рамки на активностите од проектот „Јавните институции енергетски ефикасни“ Бр.2007CB16IPO007-20123002,  партнерите од проектот,  Општинското основно училиште „Илинден“ од Крива Паланка и Центарот за општествена поддршка од Дупница, Р. Бугарија,  во периодот од 2 до 6 ноември 2014 година, реализираа студиска посета во Словенија.

[embpicasa id=”6079975411128540129″]

Тимот, кој покрај претставниците на партнерите од проектот, го сочинуваа и градоначалникот на Општина Крива Паланка г.Арсенчо Алексовски, претставници на општинската администрација и  раководители на јавни институции имаше можност да ги посети енергетски ефикасните системи во Р.Словенија – гасни и кондензациски котли, фотоволтаици, сончеви колекторски системи, топлотни пумпи како и примери за спалување на отпад за добивање на енергија.

Беа посетени фирмата Weishaupt, Здружението на словенечки фотоволтаици, топланата во Цеље, основно училиште Лава, кои се значајни во  делот на користењето на обновливи извори на енергија во Република Словенија.

Големина на фонт
Контраст