Промотивен концерт на Воениот оркестар на АРМ во Крива Паланка

На 8 Октомври во Центарот за култура во Крива Паланка се одржа промотивен концерт на Воениот оркестар на АРМ. Воениот оркестар за првпат настапи пред граѓаните на Крива Паланка, а се претстави со филмска музика, обработена за оркестарска изведба.

[embpicasa id=”6068456179209702337″]

Пред концертот, припадниците на баталјонот за почести, на плоштадот „Карпошово Востание“, ја изведоа точката „ЕГЗИРЦИР“ со која се демонстрира висока строева извежбаност во работа со пушка.

Со промотивниот концерт на Воениот оркестар во Крива Паланка, АРМ продолжува со реализацијата на проектот за соработка со  локалната самоуправа во Република Македонија, чија основна цел е низ дружење, Армијата да се доближи до граѓаните, како и проширување на цивилно-воената соработка во градовите каде нема гарнизони на АРМ.

Големина на фонт
Контраст