Започна шестиот Меѓународен театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“

Со промоција на монографијата „Балканот низ театарската игра“ на театарскиот критичар Гоце Ристовски, синоќа официјално беше отворено шестото издание на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“. На отварањето присуствуваа митрополитот кумановско-осоговски г.Јосиф, доајенот на македонското глумиште г-ѓа Милица Стојанова, овогодинешниот лауреат Мето Јовановски, како и голем број на гости љубители на театарската уметност.

[embpicasa id=”6059243175470815073″]

Тајната на успехот зависи од постојаноста на намерата, а ние успеавме со постојана надградба и упорност да го одржиме овој фестивал кој стана вистински интернационален мост на театрите од Балканот, а со тоа, културата од разни поднебја е достапна до моите сограѓани – истакна градоначалникот Алексовски во своето обраќање пред присутните.

Промотор на монографијата, во која се опфатени петте изминати театарски изданија беше Трајче Кацаров

Фестивалскиот репертоар започнува денес, со претставата „Државен крадец“ на Народниот театар Тузла, од Босна и Херцеговина.

Инаку, на годинашната фестивалска програма ќе настапат: Народен театар „Невена Коканова“ од Дупница, Бугарија со претставата „Кривоибрана глобализација“, Народен театар „Славија“ од Белград, Србија со претставата „Љубовници“, Народен театар „Лесковац“ од Србија со „Се ќе се разјасни“, Народен театар „Велко Канев“ од Тополовград, Бугарија со „Балкански аристократи“, Народен театар „Вировитица“ од Хрватска со претставата „Ќуп“, како и Битолскиот народен театар со „Без паника“ и Струмичкиот народен театар со претставата „Не чукај блиску до срцето“. Ревијалната програма на Меѓународниот театарски фестивал „Св.Јоаким Осоговски“ ќе трае од 15 до 22 септември.

Сите претстави ќе се прикажуваат со почеток од 20 часот, а средствата собрани од влезниците ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Големина на фонт
Контраст