Шести Меѓународен театарски фестивал Свети Јоаким Осоговски

Почитувани сограѓани,

Имаме чест и задоволство да Ве поканиме на настан кој е еден од најзначајните културни збиднувања во општината и пошироко,  VI –МЕЃУНАРОДЕН ТЕАТАРСКИ ФЕСТИВАЛ СВЕТИ ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ   (14-22 септември 2014).

Свеченото отварање на шестиот Меѓународeн театaрски фестивал „Св.Јоаким Осоговски“ е на 14.09.2014 г. (недела) со почеток во 19 часот, во  просториите на НУ Центар за култура Крива Паланка.

Театарскиот фестивал и оваа година ја остварува својата хумана мисија и паричните средства собрани од продажбата на билети за театарските претстави, во договор со Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, ќе бидат наменети за хуманитарна цел.  Цената на еден билет е со симболична сума од 50 денари и купувајќи билет сите ние всушност ја покажуваме нашата поддршка и хуманост.

Прилог ПРОГРАМА

Големина на фонт
Контраст