Прием за учесниците на Фолклорниот фестивал „Свети Јоаким Осоговски“

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, г. Арсенчо Алексовски, заедно со претставници од општинската администрација и директорот на НУ Центар за култура од Крива Паланка г.Александар Рангелов во текот на вчерашниот ден приреди пригоден прием за официјалните претставници на фолкорните групи, учесници на годинешниов десетти по ред Фолклорен фестивал „Свети Јоаким Осоговски“.

На приемот се разменија меѓусебни подароци, а учесниците на фестивалот ја искажаа својата благодарност за гостопримството и топлиот прием како на организаторите, така и за граѓаните од општината.






Големина на фонт
Контраст