Изложба нa дела од Меѓународниот конкурс за карикатури „Невестинско поклонение 2014“

На 25.08.2014 во просториите на Градскиот музеј беше отворена изложбата на 100 најдобри дела пристигнати на овогодинешниот Меѓународен конкурс за карикатура „Невестинско Поклонение“.

[embpicasa id=”6052185754403286145″]

Гостите ги поздрави директорот на Градскиот музеј г. Драган Величковски, давајќи му збор на авторот и координатор на Конкурсот „Невестинско Поклонение“ г. Стојанче Величковски да го престави значењето на Меѓународниот конкурс и спецификите на изложените дела.

Величковски посочи дека станува збор за многу кавалитетен избор од над 150 пристигнати дела од 90 автори од Аргентина, Австрија, Азербејџан, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бразил, Бугарија, Чешка, Црна Гора, Египет, Ерменија, Хрватска, Индија, Индонезија, Иран, Кина, Куба, Полска, Романија, Русија, Србија, Турција, Украина, Узбекистан и Македонија.

Авторот на конкурсот уште еднаш,  јавно се заблагодари на членовите на еминентното жири г. Млан Алашевиќ од Словенија, Јовчо Савов од Бугарија како и на Никола Ангелковски и Јордан Поп Илиев од Скопје за извршување на најтешката задача да бидат одбрани првите меѓу еднаквите.

Преставувајќи ги добитниците на наградите, авторот на конкусот пред публиката лично го престави овогодинашниот победник и освојувач на трофејот „Невестулка“, Ириен Трендафилов од Бугарија,  кој беше поздравен со долотраен аплауз. Исто така беа преставени и делата и наградите за второнаградениот Дамир Новак од Хрватска, третонаградената Фарзане Вазиритабар од Иран, добитникот на плакетата за најдобра колекција Олег Гусол од Украина како и другите наградени и пофалени автори.

Посочувајќи дека уште од сега почнале да пристигнуваат дела за конкустот за наредната година Величковски своето обраќање го заврши со повик кон присутните да ги внесат своите лични впечатоци во Книгата за впечатоци која ќе го следи овогодишниот избор на карикатури на преставување во земјата и странство.

Градоначалникот на Крива Паланка г.Арсечо Алексовски, во своето пригодно обраќање потенцираше дека станува збор за манифестација во склоп на традиционалното Невестинско полконение на Свети Теодор Тирон во село Конопница иницирана минатата година.  Меѓународниот конкурс за карикатура со квалитетот на пристигнатите трудови и заинересираноста на врвните светски карикатуристи од целиот свет се наметнува како многу успешна манифестација која  заслужува да биде поддржана и во иднина.

Со врачувањето на трофејот „Невестулка“ и дипломата за прво место од страна на градоначалникот г.Арсенчо Алексовски на г. Ириен Трендафилов изложбата беше програсена за отворена.

Изложбата ќе биде отворена до средината на септември и ќе можат да ја видат сите заитересирани посетители и добронамерници кои што ќе ја посетат Крива Паланка во текот на прославата на  празникот посветен на свети Јоаким Осоговски и пресвета Богородица.

Големина на фонт
Контраст