Напредна фаза во изградба на плоштадот „Карпошово востание“

Во тек се завршните градежни активности околу  реализацијата на проектот „Изградба на плоштад со партерно уредување“ со кој се опфаќа оформување на јавниот простор пред зградата на локалната самоуправа на општина Крива Паланка, со вкупна површина од 750 метри квадратни.

[embpicasa id=”6040037112581229905″]

Плоштадот „Карпошово востание“ се уредува со 90% од светол гранит и 10% од темен гранит, а на кој блесна симболот Сонце од Вергина изработен од црвен и светло кафеав гранит.

Вредноста на проектот за партерното уредување е 17.869.920,00 денари обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралениот развој и Буџетот на општината. Изведувач на градежните работи од проектот е фирмата Цвет Компани ДООЕЛ  Скопје.

Големина на фонт
Контраст