Работен состанок за олеснување на пристапот на микропретпријатијата до јавните набавка

Денеска во Општина Крива Паланка се одржа работен состанок со претставниците на договорните органи од општините Крива Паланка, Кратово и Ранковце во однос на примената на Препораките за олеснување на пристапот на малите и микропретпријатијата до јавните набавки. Состанокот го водеше Герман Филков, раководител на проектот на УСАИД за пристап на микропретпријатијата до јавните набавки.

Препораките за олеснување на пристапот на малите и микропретпријатијата до јавните набавки се дел од активностите во рамките на проектот на УСАИД чија цел е да обезбеди поголемо учество на овие претпријатија на пазарот на јавни набавки, придонесувајќи кон нивниот поодржлив развој и подобро искористување на нивните потенцијали за создавање на работни места, раст и иновации.

Препораките за олеснување на пристапот на малите и микропретпријатијата до јавните набавки, кои се изработени во 2013 година, можете да ги најдете на следниов линк: http://zanabavki.mk/wp-content/uploads/2013/05/preporaki-za-mikropretprijatija-web.pdf


Големина на фонт
Контраст