Се асфалтира локален пат во с.Конопница

Во тек е реализацијата на проектот „Создавање на предуслови за рурален развој, развој на туризмот и мобилност во регионот преку реконструкција на патната инфраструктура во с.Конопница, општина Крива Паланка“. Проектот опфаќа асфалтирање на локален пат во село Конопница во должина од 1 км, а се реализира преку Центарот за развој на североисточниот плански регион согласно Програмата за регионален развој на Министерството за локална самоуправа за 2014 година.

[embpicasa id=”6036965829008099121″]

Вредноста на инвестицијата е 2.357.640 денари од кои 1.262.646 денари се обезбедени од Бирото за регионален развој, а остатокот од 1.094.994 денари се обезбедени од буџетот на Општина Крива Паланка.

Изведувач на градежните работи е фирмата „Стоименов“ ДООЕЛ од  Кочани.

Големина на фонт
Контраст