Бесплатен курс по англиски јазик за таксистите

Градоначалникот на Општина Крива Паланка Арсенчо Алексовски одржа состанок со такси возачите од општината за бесплатната обука што локалната самоуправа на општината ја организира согласно измената и дополнувањето на Законот за превоз во патниот сообраќај.

– Согласно новите законски измени Општина Крива Паланка со цел да им помогне на такси возачите организира посетување обука за полагање на испитот за добивање меѓународен сертификат за познавање англиски јазик на ниво А1, за кандидатите кои работат како такси возачи во правни лица лиценцирани од Општина Крива Паланка за оваа дејност, при што трошоците за оваа обука ќе ги сноси Општината, односно за нивните вработени, информира градоначалникот Алексовски.

Обуката ќе содржи 80 часови или 40 блок – часови. Во соработка со основните училишта од градот ќе ја спроведуваат професори по англиски јазик. – Право на учество на јавниот повик имаат сите кандидати кои не се постари од 62 години и се во редовен работен однос во такси-компаниите. Пријавувањето се врши во Oпштината, со доказ за личниот идентитет и потврда за заснован работен однос, рече Алексовски.

Рокот за пријавување трае до крајот на август годинава, а наставата ќе се реализира од почетокот на учебната година.

Големина на фонт
Контраст