Се уредува просторот околу зелениот пазар

Општина Крива Паланка преку ЈП Комуналец го уредува просторот околу новиот зелен пазар, односно се модернизира коловозот со поставување на гранитни коцки на патеката долж кејскиот ѕид на речното корито.  Оваа патека ќе овозможи подобар пристап кон влезот на пазарот и понатаму кон градскиот зелен парк со што се планира да се растовари пешачкиот сообраќај на улицата Свети Јоаким Осоговски во делот на Стара чаршија, особено во сабота како пазарен ден.


Големина на фонт
Контраст