Одржана трибина за вработување на лицата со попреченост

Денеска во просториите на Општина Крива Паланка беше одржана трибина со работодавачите за вработување на лицата со попреченост.  На настанот кој  се одржува во рамки на проектот на УСАИД за практиканска работа и вработување на лицата со попреченост присуствуваа градоначалникот Арсенчо Аексовски, директорката на Центарот за социјални работи, претставници од други институции, претставници од невладнините организации кои го имплментираат проектот како и работодавачите.

На трибината работодавачите беа запознаени со условите и бенефитите  за вработување на лицата со попреченост како и со активностите и резултатите на овој проект кој започна со имплементација во 2012 година од страна на НВО Моја Кариера-Скопје во партнерство со Порака Наша-Куманово и Хендикеп-Тетово.


Големина на фонт
Контраст