Промоција на проектот „Јавните институции-енергетски ефикасни“

Денеска во просториите на ЛУ Градски Музеј во Крива Паланка се одржа промоција на проектот „Јавните институции-енергетски ефикасни“, финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија.

Водечки партнер на проектот е ОУ „Илинден“ од Крива Паланка, а проектен партнер  е Центарот за јавна подршка од Дупница, Република Бугарија. Проектот опфаќа изработка на техничка документација за енергетска ефикасност на 16 објекти на јавни институции во двете општини, Крива Паланка и Дупница.  Времетраењето на проектот е 10 месеци.


Големина на фонт
Контраст