„БАСКЕРФЕСТ“ повторно во Крива Паланка

SemiHidden=”false” UnhideWhenUsed=”false” Name=”Colorful Grid” />

Почитувани сограѓани,

На ден 21.06.2014 година (сабота) во перидот од 18.30ч. до 00.30ч. на просторот на градскиот плоштад ќе се одржи фестивалот од отворен тип „БАСКЕРФЕСТ 2014“. По вторпат граѓаните на Крива Паланка ќе имаат можност да ги проследат неверојатните и единствени атракции под отворено небо на повеќе интернационални артисти, како и богата музичка програма. БАСКЕРФЕСТ е првиот меѓународен и мултикултурен уличен фестивал во Македонија, признат како најголем настан од ваков тип во регионот.

Во 2006 година се случи дебито на Баскерфест и се покажа како успешно со програма каде што беа вклучени повеќе од 50 артисти, акробати, танчери, магионичари, музичари, жонглери. Оваа традиција се продолжува секоја година со се повеќе учесници ширум светот како САД, Германија, Јапонија, Боливија, Италија, Полска, Канада, Аргентина, Австралија и други земји.

Како новитет во организацијата на БАСКЕРФЕСТ е неговото дисперзирање по градовите низ цела Македонија, кое започна од минатата година. На фестивалот ќе продефилираат околу 100 артисти од 20-ина земји, од кои 90 отсто ќе бидат прв пат на фестивалската програма. Освен перформансите, музичката програма содржи повеќе бендови, зачинета со рап, реге, рок и етно-музика.

Фестивалот е со уникатен концепт и нова понуда за публиката, уживанција од неколку дена целосно исполнети со фестивалско искуство и слобода на еден сосема нов начин, атракција под отворено небо. Покрај уличните артисти и музика во живо, Баскер нуди низа различни понуди како претстави, пантомима перформанси, креативни активности, ликовни изложби, базар на ракотворби, работилници и улични танчери!

Кривопаланчани, во сабота навечер, ќе имаат причина плус да излезат од своите домови и да ја почувствуваат ведрината на „Караванот што носи среќа“- БАСКЕРФЕСТ 2014.

Големина на фонт
Контраст