Одржана ЈАВНА РАСПРАВА

На ден 15.01.2009 година во големата сала на Општина Крива Паланка се одржа ЈАВНА РАСПРАВА со следниот дневен ред:

1. Реконструкција на уличното осветлување во Крива Паланка;
2. Реконструкција на градскиот водовод во градот Крива Паланка (замена на азбестно-цементни цевки со полиетиленски);
3. Замена на водомерите на градскиот водовод во Крива Паланка;
4. Изградба на мали хидроцентрали на цевководите од градскиот водовод Калин Камен-резервоар и Станечка Река-фабрика за преработка на вода.

По првите две точки воведно излагање даде Раководителот на Секторот за урбанизам,сообраќај,заштита на животната средина и комунални работи при Општина Крива Паланка, г-дин Добривој Николовски-дипломиран инженер архитект.
По треттата точка воведно излагање даде претставникот од „Техно-Скоп“ од Скопје.
По четвртата точка воведно излагање имаше претставникот од „ЛТД-Техника“ДООЕЛ од Кавадарци, г-дин Тодор Лалков.