Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Североисточниот плански регион

Почитувани,

Центарот за развој на Североисточниот плански регион и УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси имплементиран од Карана Корпорација во рамките на проектот „Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Североисточниот плански регион”, на 02 jуни 2014 година со почеток во 12:00 часот во просториите на Голема сала при зградата на  Општина Крива Паланка ќе организираат инфо ден на тема: „Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот”.

На овој настан ќе присуствуваат претставници од јавен, приватен и граѓански сектор од општина Крива Паланка, пред кои ќе се презентираат бенефитите и можностите кои се нудат со спроведувањето на ЛЕАДЕР пристапот во регионот.
Целта на инфо денот е учесниците да се запознаат со принципите и карактеристиките на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот како мерка од ИПАРД програмата преку која во иднина со нивно учество ќе можат да се спроведуваат проекти во руралните средини.

За дополнителни информации можете да контактирате со Данијела Трајковиќ  координатор на проект во Центарот за развој на Североисточниот плански регион, на телефонскиот број 031 424 878 или преку електронска пошта на [email protected].

Со почит,
Данијела Трајковиќ
Проект Координатор
Центар за развој на Североисточниот плански регион

 

 

 

 

 

 

 

 

 



 


Големина на фонт
Контраст