Асфалтиран мостот на Куков Дол

Општина Крива Паланка во рамки на своите активности во текот на вчерашниот ден изврши асфалтирање на новоизградениот мост на Куков Дол со што е завршен проектот „Подобрување на општинските услуги“. Проектот е финансиран од Светска банка и опфаќа изградба и реконструкција на девет улици како и мостот на Куков Дол.

[embpicasa id=”6016228818876295313″]

Со изградбата на овој мост е решен долгогодишниот проблем на жителите од околните населби кои во изминатите години во периодот на врнежи имаа нерешлив проблем со надојдените води од поројот „Куков Дол“  при што беше отежнато користењето на патот кој ги поврзува околните населби со централното градско подрачје.

Изведувач на градежните работи е градежната фирма А.Д Карпош од Скопје.

Големина на фонт
Контраст