Крива Паланка обезбеди 5 тони помош за Србија и БиХ

emiHidden=”false” UnhideWhenUsed=”false” QFormat=”true” Name=”Strong” /> Кривопаланечката Општинската организација на Црвениот крст и општина Крива Паланка во заедничка собирна акција обезбедија околу 5 тони помош за загрозеното населението во Србија и БиХ. Граѓаните и фирмите масовно се вклучија во акцијата и донираа конзервирана храна, вода, средства за хигиена и парични средства. Лични донации обезбедија и градоначалникот Арсенчо Алексовски, вработените од Здравствениот дом, фирмите „Дине трејд“, слаткарница „Спорт“, фурна „Вардар“ и општинските ограноци на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Помош е обезбедена и од населението и локалната самоуправа од Ранковце.

Со возила обезбедени од  општина Крива Pаланка и бизнис секторот, денеска помошта беше транспортирана во централниот магацин на ЦК на РМ во Момин поток во Скопје.

Општина Крива Паланка, Центарот за култура и СОУ „Ѓорче Петров“ вечерва организираат и хуманитарна театарска претстава во изведба на драмската секција од средното училиште, а собраните парични средства ќе бидат уплатени на сметката на Фондот за солидарност на ЦК на РМ и ќе бидат наменети за настраданите од поплавите во Србија и БиХ.



Големина на фонт
Контраст