Одржан натпревар за спасување на жртви од сообраќајни незгоди

SemiHidden=”false” UnhideWhenUsed=”false” Name=”Colorful Grid” />

На 19 мај за прв пат во Република Македонија и на Балканот се одржа натпревар за спасување на жртви од сообраќајни несреќи. На натреварот учествуваа 8 екипи составени од пожарникари – спасители од сите 8 плански региони во Република Македонија.

На натпреварот во екипата од Североисточниот регион учествуваа 6 пожарникари од кои тројца од ТППЕ Крива Паланка и тоа Иле Коцевски, Сашо Јакимовски и Слаѓан Давитковски, од ТППЕ Ранковце, Далибор Поповски и од ТППЕ Куманово, Видан Трајковски и Јонче Илиевски. Први на натпреварот беа пожарникарите од Југоисточниот регион, второто место го зазедоа пожарникарите од Североисточниот регион, а трети беа пожарникарите од Пелагонискиот регион. За учеството на пожарникарите им беа доделени признанија, а за најуспешните и медали за освоените места од страна на организаторот и спонзор на манифестацијата Тојота Македонија.

Покровител на натпреварот беше Дирекцијата за заштита и спасување со сесрдна помош на Тојота Македонија, Операција Флоријан од Англија како организатор на целиот настан како и АМСМ, Републичкиот совет за безбедност на патиштата, Мрежата на пожарникари при ЗЕЛС и Црвениот крст на Македонија. Спонзор на униформите за натпреварувањето беше ХОРВАТ ДОО Скопје, а алатот за натпреварот го обезбеди ВИМПЕКС УК.

Волонтери кои помагаа во расчистување на сцената се ДПД Свети Николе  од Свети Николе и ДПД Бајрам Мифтари  од општина Чаир, Скопје.



Големина на фонт
Контраст