Одржана јавна консултација за проектната програма за проектот „Изградба на државен пат А2, делница Ранковци – Крива Паланка на ниво на експресен пат”

Денеска во Општина Крива Паланка се одржа јавна консултација за проектната програма за проектот „Изградба на државен пат А2, делница Ранковци – Крива Паланка на ниво на експресен пат”, во должина од околу 25 км.


Финансирањето на овој проект се планира да се обезбеди со средства од Светска Банка, според чии барања, во делот на заштита на животната средина и социјалните аспекти, уште во раната фаза на подготовка на документацијата односно Проектната програма ќе се одржат јавни консултации со засегнатите страни и локалното население на населените места долж делницата.


Проектната програма е достапна на увид во просториите на ЈП за државни патишта и во општините Крива Паланка и Ранковци, како и на нивните интернет страници: www.krivapalanka.gov.mk, www.rankovce.gov.mk и www.roads.org.mk .

Проектна програма 1, Проектна програма 2, Проектна програма 3

Лица за контакт:

Јавно претпријатие за државни патишта
Сашка Богданова Ајцева
[email protected]
тел: 02/3118 044 лок.135

Општина Крива Паланка
Добривој Николовски
[email protected]
тел: 031 376 480

Големина на фонт
Контраст