Започна реализацијата на нов значаен проект за Општина Крива Паланка

Пред неколку дена започна реализацијата на уште еден значаен проект за Општина Крива Паланка  насловен како „Дополнителни работи на зафат и довод на вода на водоснабдителен систем Станачка Река и доопремување на филтер станица за вода за пиење“ во рамките на кој е предвидена санација и доградба на зафатот и цевководот и целосно опремување на фабриката за вода. На овој начин ќе се обезбеди дополнително количество на чиста вода за пиење од 50 л/с, а ќе се овозможи и меѓусебно поврзување на двата водоснабдителни системи-Калин Камен и Станачка Река.

[embpicasa id=”6006209534611249057″]

Градежните работи, опремата за филтрите и за лабораторијата, како и поврзувањето на електро мрежата е со вредност од околу 120 000,00 евра. Изведувач на работите е фирмата „Конструктор“ Скопје, надзор на работите е ЗИМ-Скопје, а инвестицијата се реализира во рамките на проектот за „Водоснабдување и одведување на отпадни води“ на Владата на РМ и Општина Крива Паланка.


Големина на фонт
Контраст