Покана за учество на манифестацијата „Велигденска традиција“

Приближува  големиот верски празник Велигден кој има долга традиција кај населението од Крива Паланка и Кривопаланечко. Традицијата продолжува со пренесување на обичаите од колено на колено, од  бабите и дедовците на внуците сé до ден-денешен зачувани во нашите домови. За да не се заборави, да ја зачуваме и да ја продолжиме традицијата  понатаму, Општина Крива Паланка со градоначалникот г. Арсенчо Алексовски заедно со ЛУ Градски Музеј – Крива Паланка организираат манифестација „Велигденска традиција” која ќе се одржи на ден 21.04.2014 г. (понеделник ) во 11:00 часот – втор ден Велигден во дворот на ЛУ Градски Музеј – Крива Паланка.

За таа цел се покануваат сите граѓани и институции да земат масовно учество во манифестацијата „ВЕЛИГДЕНСКА ТРАДИЦИЈА“ на  ден  21.04.20014 (понеделник) со лични или колективни (групни) изработки: најубаво  велигденско јајце и / или уникатна велигденска рачнo изработена декорација. Манифестацијата е од натпреварувачки карактер и ќе бидат изберени: најубаво велигденско јајце, најубава велигденска (рачно изработена) декорација, а ќе има и натпревар во најцврсто јајце за кои ќе следуваат парични награди.

Избор за најубаво велигденско јајце    Избор за најубава велигденска (рачно изработена) декорација
Избор за најцврсто јајце
I – ва награда:  1.500 ден    I – ва награда:  1.500 ден    I – ва награда:  500 ден
II – ра награда: 1.000 ден    II – ра награда: 1.000 ден   
III – та награда:   500 ден    III – та награда:   500 ден   

Во рамките на манифестацијата ќе има и ревијална престава на традиционална велигденска маса од Кривопаланечкиот крај со дегустација на слатки и солени јадења.

Инаку, целата манифестацијата започнува на 16.04.2014 год. – среда во 12:00 часот во просториите на ЛУ Градски Музеј со работилницата „Се запознаваме со обичаите за празникот Велигден“ на која ќе земат учество најмалите, децата од прво до петто одделение. Со обичаите ќе ги запознае одговорно лице – етнолог од ЛУ Градски Музеј – Крива Паланка, а во работилницата ќе земат учество и нашите баби. Работилницата  продолжува  на 17.04.2014 год. – Велики четврток со бојадисување на велигденските јајца.
Пријавување во просториите на ЛУ Градски Музеј – Крива Паланка секој работен ден од 08 до 16 часот   тел: 031- 372 -140, моб: 071-353 045 – лице за контакт: Наталија Милковска и  e-mail : [email protected] или на денот на манифестацијата до 9 часот.

Сите изработки ќе  бидат означени со ваша шифра која ќе си ја изберете. Изборот за најубаво јајце, уникатна велигденска рачно изработена декорација ќе го направи однапред формирана тричлена жири – комисија.

Сите велигденски декоративни изработки ќе бидат продавани по симболична цена за хуманитарни цели.

Големина на фонт
Контраст